Во само два дена, два српски аса остварија огромни успеси во своите спортови и се запишаа во историјата.
Во неделата попладне, Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 23. Гренд слем титула, а синоќа Никола Јокиќ го одведе Денвер Нагетс до првата шампионска титула во НБА и притоа беше прогласен за МВП на финалната серија. Неколку часа по петтиот меч во кој Денвер ја обезбеди титулата, Ѓоковиќ се јави со честитки на Инстаграм од кои една беше мошне интересна.

„Кога ќе одиме на тенис, Јокара?“, напиша Новак, алудирајќи на фамозниот твој на Јокиќ од пред 12 години, а тоа го илустрираше со негова и фотографија на кошаркарот кога двајцата биле деца.
Во една од стори-објавите на тенисерот, Јокиќ е во својата омилена поза, на коњ со двата трофеја (шампионскиот и МВП).