(ФОТО) Голден Стејт пред два дена ја освои титулата, Грин уште му фаќа сеир на Бостон

0Shares
0 0

Иако беше далеку од своето најдобро издание во финалната серија, Дрејмонд Грин е најангажиран во тролањето на Бостон на социјалните мрежи.

Откако по шестиот натпревар се фотографираше со маичката која требаше да го означи 18. шампионскиот трофеј на Селтикс, вечерва повторно се истакна, но сега на друг начин.

„Се подготвувам за седмиот натпревар вечерва“, напиша Грин на својот Твитер профил и за нешто повеќе од еден час привлече околу 50 илјади реакции.

Крилниот играч на Голден Стејт ја освои четвртата шампионска титула во својата кариера, ама очигледно оваа му е најдрага од сите.

0Shares
0 0