(ФОТО) Хорор повреда: Отиде зглобот на Весели…

0Shares
0 0

Фенербахче загуби од Барселона на домашен терен во претпоследното коло од Евролигата, но многу повеќе од поразот, Турците ги заболе повредата на еден од најдобрите играчи во тимот Јан Весели.

Чехот помина на паркетот само шест минути пред да доживее тешка повреда на левиот скочен зглоб поради кој мораше предвреме да замине во соблекувална. Првите информации се дека ќе мора да паузира најмалку 15 дена, но во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе детали на оваа тема.

Плеј-офот во Евролигата почнува на 20 април што значи дека Весели ќе има борба со времето за да биде во комбинација за настап.

0Shares
0 0