(ФОТО) Јакимовски се одјави од Вашингтон Стејт

0Shares
0 0

Откако минатата недела официјално се договори со Лојола Мериленд Универзитетот, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски денеска се прости од својот поранешен тим.

На социјалните мрежи, 20-годишниот бек се заблагодари за убавите денови кои ги помина на Вашингтон Стејт Универзитетот, односно екипата на Кугарс чии бои ги бранеше една сезона.

„Ви благодарам за се Кугарс нација. Ви ја пренесувам цела љубов“, напиша нашиот кошаркар.

На ВСУ, тој ја помина дебитантската сезона во НЦАА во која забележа неколку одлични настапи, но имаше и проблеми со повреди и тоа во завршниот дел од лигата. Во Лојола треба да има поважна улога во екипата и да го продолжи својот развој.

0Shares
0 0