(ФОТО) Југославија живее… во душата на Горан Драгиќ

0Shares
0 0

Чикаго ноќеска доживеа тежок пораз од Кливленд со 96-128, но јавноста на овие простори зборува за словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ.

Еден од главните играчи на Булс оваа сезона, на натпреварот пристигна во интересен стајлинг. На дуксерот кој го носеше беше испишано Југославија, со знамето и грбот на поранешната држава која се распадна кога Драгиќ имал само пет години.

Како и Лука Дончиќ, Горан и неговиот брат Зоран Драгиќ по татко се Срби, а по мајка Словенци. Сепак, двајцата (со Дончиќ тројца) одлучија да го носат дресот на репрезентацијата на Словенија, а Југославија уште ја чувствуваат како своја држава.

0Shares
0 0