Натпреварот од турнирот „Павлос Јанакопулос“ во Атина, меѓу Партизан и Анадолу Ефес почна со еден ретко виден момент.
Новиот тренер на Ефес, Ердем Џан му ја бакна раката на противничкиот тренер Жељко Обрадовиќ со што му укажа најголем респект на својот кошаркарски татко.

Почитта не е изненадување ако се знае дека Џан му беше помошник на Обрадовиќ во Фенербахче по што турскиот стручњак замина во НБА лигата, во Јута Џез. Минатата сезона го предводеше Турк Телеком до финалето на Еврокупот, а пред два месеца официјално стана тренер на Ефес, како замена за Ергин Атаман.