Филип Петрушев е една од најинтересните теми во НБА лигата последните денови, но не затоа што направил нешто спектакуларно, туку поради секојдневните трејдови во кои е вклучен.
Пред три дена беше член на Филаделфија 76, во вторникот беше трејдуван во Лос Анџелес Клиперс, а веќе вчера се пресели во Сакраменти Кингс. Два часа пред да го пратат во главниот град на Калифорнија, Клиперс го претставија како свој играч на социјалните мрежи, а навивачите на Партизан го искористија тоа за да го истролаат поранешниот играч на Црвена Звезда.
Во коментарите на Инстаграм, поставија стотици гифови и фотографии со полициски автомобили или ротациони светла со што продолжија онаму каде што застанаа минатата сезона. Алузијата е јасна: уште не му ја заборавиле пријавата во полиција за Матијас Лесор откако двајцата имаа мал физички контакт на еден од многуте дерби-дуели.