(ФОТО) Конечно, Пау Гасол!

0Shares
0 0

Месец ипол откако се врати во Барселона по безмалку две децении поминати во НБА, најдобриот шпански кошаркар на сите времиња се подготвува вторпат да дебитира во дресот на матичниот клуб.

Уште минатиот месец беше најавено дека тој би бил подготвен за почетокот на април, но никој со сигурност не можеше да каже кога точно ќе заигра. Барселона ја очекуваат два натпревара во период од три дена, од петок до недела и тоа по еден во Евролигата и домашното првенство.

Тој во Евролигата, против Баерн, нема резултатско значење бидејќи каталонскиот гигант веќе го обезбеди првото место во основниот дел. Вториот е многу позначаен и од резултатски аспект и поради тоа што се работи за најважниот меч во шпанското првенство. Барселона го пречекува Реал и ако го победи, ќе се доближи на само еден бод во пресрет на последните четири кола во кои ќе очекува уште кикс на мадридскиот тим за да го освои првото место во АЦБ лигата на крајот од првенството.

И Гасол и тренерот Шарунас Јасикевичиус изјавуваат дека 40-годишниот центар е подготвен и дека се чувствува одлично, но не откриваат кога ќе заигра. Шпанскиот магазин Gigantes del basket преку својот Твитер профил објави мистериозна порака: Тик, так, тик, так…

Во својот текст, магазинот се повикува на други извори и тврди дека второто деби на Гасол ќе биде утре, на мечот против Баерн.

0Shares
0 0