(ФОТО) Леброн во еуфорија по потписот на Шредер

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не го криеше своето воодушевување од тоа што германскиот репрезентативец Денис Шредер одлучи да се врати во тимот.

На својот профил на Инстаграм, тој постави стори со информацијата за Шредер, а околу фотографијата стави оган како потвртда колку е возбуден. Леброн веќе играше со Германецот во Лејкерс во сезоната 2020/21, но екипата тогаш немаше голем успех бидејќи доживеа елиминација во првата рунда од плејофот.

Во таа сезона, Шредер просечно постигнуваше по 15,4 поени, 5,8 асистенции и 3,5 скока со шут од игра 44%.

0Shares
0 0