Навивачите на Црвена Звезда го почнаа хаосот на денешниот, трет натпревар од финалната серија во АБА лигата, но жестоки критики заслужува и играчот на Партизан, Јам Мадар.
При повлекувањето кон соблекувалната, Израелецот се сврте кон трибините и на присутните им покажа среден прст што дополнително ја загреа атмосферата во преполниот Пионир.

Во меѓувреме, играчите на двете екипи излегоа на терен и се подготвуваат за почеток на натпреварот кој, според она што се случуваше досега, сигурно ќе трае многу долго.