(ФОТО) Миротиќ им се извини на навивачите на Партизан

0Shares
0 0

Поранешниот европски шампион Партизан синоќа ѝ гостуваше во Барселона, а натпреварот во Блауграна имаше непријатна увертира.

На неколку часа пред почетокот, домаќинот соопшти дека на дел од гостинските навивачи нема да им биде дозволен влез во салата за да не дојде до судир со домашните фанови. На мечот можеа да присуствуваат само оние кои имаа билети за трибината предвидена за гостински гледачи.

Раководството на Партизан се обиде да ја промени одлуката, но од Барселона се повикаа на Законот за спорт на Шпанија, па оние несреќници кои во своја режија заминаа за Каталонија, останаа пред салата. На шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло Никола Миротиќ му беше многу непријатно поради тоа, па преку Инстаграм им се извини на навивачите на Партизан.

„Во оваа прилика сакам да им се извинам на навивачите на Партизан поради инцидентот кој се случи поради купените билети. Жал ми е што погллемиот дел од вас, иако сте купиле билети и организирале пат, не сте биле во можност да присуствувате на натпреварот поради кој и сте дошле. Се надевам дека вакви и слични ситуации во иднина ќе се избегнат и ќе регулираат со јасни правила“, напиша Миротиќ.

Партизан го очекува уште еден натпревар во Шпанија и тоа утре, против најтрофејниот тим во Евролигата, Реал Мадрид.

0Shares
0 0