ФОТО НА ДЕНОТ: Си отиде од Фени, се врати во Еуро Никел!

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Кирил Николовски денеска официјално му се приклучи на својот нов тим.

По 4,5 години, тој се врати во Кавадарци и до крајот на сезоната ќе ги брани боите на поранешниот трикратен шампион на Македонија, Еуро Никел. Тоа ќе биде трет пат во кариерата, Николовски да биде член на кавадаречкиот прволигаш, но разликата е во тоа што кога во летото 2017 година си замина оттаму, екипата го носеше името Фени Индустри.

Искусниот крилен центар веќе тренираше со своите нови соиграчи од кои дел му беа колеги во репрезентацијата (Ивица Димчевски, Предраг Самарџиски, Дарко Соколов), а некои во претходните екипи во кои настапуваше.

0Shares
0 0