(ФОТО) НБА шампион на гости во Мрзенци

0Shares
0 0

Многумина кои вчера присуствуваа на натпреварот од меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија, заминаа на вечера во познатиот ресторан во селото Мрзенци.

А, во него имаа што да видат. Враќајќи се од одмор во Грција, на мала пауза застана довчерашниот член на Голден Стејт Вориорс и иден играч на Фенербахче, Немања Бјелица во друштво на поранешниот српски репрезентативец Ненад Крстиќ и нивните семејства.

Последната сезона Бјелица со Вориорс ја освои титулата во НБА, а во лигата настапува од 2015 година како член на Минесота, Сакраменто, Мајами и на крајот Голден Стејт. Иако уште не потпишал, во Турција веќе го промовираа во нов член на Фенербахче.

*Забрането е преземање на фотографијата или текстот без дозвола од редакцијата

0Shares
0 0