(ФОТО) Неколку часа пред мечот со Грција, Јокиќ со македонски дрес

0Shares
0 0

Вечерва од 20 часот во Белград се игра големото дерби во квалификациите од Светското првенство меѓу Србија и Грција.

Атмосферата се загрева, а мечот во белградска Арена ќе го следат и македонски љубители на спортот. Меѓу нив и еден од најпознатите навивачи на сите наши репрезентации Горан Кипријановски кој денеска успеа да влезе во хотелот каде се наоѓаат српските репрезентативци и да се фотографира со нив.

Со дрес на македонската репрезентација (за тренинг) се фотографираше и МВП од последните две сезони во НБА, Никола Јокиќ кој со тоа му даде поддршка на нашиот национален тим кој од 19 часот игра против Данска. Според зборовите на Кипријановски, Јокиќ бил почестен од можноста, се однесувал многу пријатно и се заблагодарил на вниманието, а во исто време и се потпишал на еден навивачки реквизит. Истото важи и за останатите српски кошаркари кои се фотографираа со нашиот навивач.

0Shares
0 0