(ФОТО) Од Ѓоковиќ со љубов за Коби: Засекогаш Мамба, те сакам пријателе!

0Shares
0 0

И една година по хеликоптерската несреќа, Новак Ѓоковиќ не може да го заборави својот голем пријател Коби Брајант.

Во периодот кога загина кошаркарската легенда, Србинот беше во поход кон титулата на Австралија Опен и во натамошниот дел од турнирот носеше тренерки со броевите 8 и 24 и иницијалите КБ, во чест на Коби. Тагата и денес не е помала, Новак со посвета се огласи на Инстаграм.

„Засекогаш, Мамба! Те сакам пријателе“, напиша тој, на англиски и на италијански јазик.

Ѓоковиќ и сега е во Мелбурн, но во карантин. Од 8 февруари ќе ја почне одбраната на титулата на првиот Гренд слем во сезоната.

0Shares
0 0