Најтрофејниот израелски клуб Макаби остана без својата официјална интернет страница откако таа беше хакирана денеска, најверојатно од палестински хакери.
Тоа може да се заклучи по пораката што била оставена на насловната страна: Победата на Алах е блиску, заедно со фотографија на војник со палестинско знаме на униформата.

Неколку часа подоцна, сајтот не е во функција, но уште не се знае дали Макаби си го вратил назад или уште е под контрола на Палестинците. Последните денови, слична судбина доживеале и страните на Макаби Бер Шева и на Макаби Нетанја.