(ФОТО) Психопат преку Инстаграм му се закани на Леброн дека ќе го убие за време на натпревар

0Shares
0 0

Непознато лице, на Инстаграм упати сериозна закана кон ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе го застрела, поставувајќи фотографија со пиштол и куршуми.

„В четврток, на 18 февруари, ќе бидам на натпреварот Нетс-Лејкерс. Ќе го ’прошверцувам’ пиштолов во арената и ќе го застрелам Леброн во главата за време на тајм-аут. Леброн Џејмс, предупреден си“, напиша лицето.

За неколку часа, пораката беше главна тема во американските медиуми, а се прошири и низ целиот свет. Анонимниот повторно се јави на Инстаграм, сега со извинување.

„Леброн, ти се извинувам. Можеби не те сакам како играч, но секоја личност заслужува респект. Ако си го видел овој пост и си се почувствувал загрозен, не е така.

Сфатив дека вакви работи не се шега. Можете да ме мразите, но јас навистина се извинувам и да можам да го вратам времето, сигурно ќе размислев пред да го напишам тоа“, гласеше извинувањето.

Сепак, ова е не е прва ваква објава на истото лице. Неодамна, тој објавил сличен пост, со кој посакува Леброн и неговата ќерка Жури да беа во хеликоптерот што се сруши, а во кој загинаа Коби и Џана Брајант.

0Shares
0 0