(ФОТО) Шампионската екипа на Водно Санс се подготвува за новата сезона

0Shares
0 0

Една од најдобрите младински екипи во македонската кошарка последниве децении сериозно се подготвува за новата сезона во која повторно ќе има исклучително напорен и згуснат распоред.

Генерацијата на Партизан Водно Санс за кошаркари родени 2007 напорно тренира во пресрет на стартот на кампањата во која голем дел од овие играчи ќе настапуваат на четири фронта: домашното кадетско првенство, Втората лига, Европската младинска кошаркарска лига (EYBL), како и во М18 шампионатот на Македонија каде ќе се обиде да направи изненадување и да дојде до титулата иако таму ќе играат и по две години повозрасни кошаркари.

Минатата сезона, оваа екипа (во М16 лигата засилена со кошаркари родени 2006) доминатно ја освои титулата во кадетското првенство, како и EYBL каде триумфираше на завршниот турнир во Финска. Во однос на ланската натпреварувачка кампања, тимот претрпе мали измени, но костурот и натаму го сочинуваат оние кои и лани беа во прв план: Никола Јаничиќ, Даниел Бутемер, Марион Лазов, Лука Марјановиќ, Давид Дејвис, Давид Китановски, Марко Крајчески, Филип Сребров, Борјан Китановски, Андреј Милошевски…

Талентот на овие млади кошаркари е гаранција дека и во М18 лигата, Партизан Водно Санс ќе игра важна улога и ќе се обиде да направи изненадување.

0Shares
0 0