(ФОТО) Срцето на Дончиќ уште чука за Реал – го гледа на два телевизора

0Shares
0 0

Еднаш мадридиста – секогаш мадридиста. Тоа апсолутно важи за Лука Дончиќ кој и четири години по заминувањето од Реал, не пропушта прилика да го гледа.

Минатите сезони и лично присуствуваше на некои натпревари, но сега со Далас е во плеј-офот и веројатно малку ќе почека на тоа задоволство. Дотогаш, ужива во телевизиските преноси од натпреварите на својот омилен клуб, а синоќа имаше двојно задоволство.

Во исто време играа и фудбалската и кошаркарската екипа, едните во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а другите во Евролигата против Макаби. Не смее ништо да се пропушти, па Дончиќ на два телевизора ги следеше дуелите во Манчестер и Тел Авив.

0Shares
0 0