(ФОТО) Така тоа го прават (нај)големите: Честитка од КК Партизан до Водно Санс

0Shares
0 0

Големиот успех на Партизан Водно Санс и освоената титула во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) не остана незабележана и во регионот.

Конкретно, во Србија од каде пристигна честитка до раководството на скопскиот клуб. Се разбира, испраќач е поранешниот европски шампион Партизан чие име носи Водно Санс и со кого има долгогодишна активна соработка.

„КК Партизан со големо задоволство му го честита на членот на црно-белата фамилија, кошаркарскиот клуб Водно Санс од Скопје, освојувањето на EYBL за кошаркари на возраст од 15 години. Вашиот клуб, тим и тренерот Андреевски уште еднаш покажаа дека достојно ја репрезентираат регионалната кошарка и придонесуваат за славата на името КК Партизан. Ви посакуваме уште многу успеси во иднина“, стои во честитката од Партизан, потпишана од извршниот директор и поранешен играч на белградските „црно-бели“ Млаѓан Шилобад.

Ова е и големо признание за тренерот Горан Андреевски кој е основач и раководител на Партизан Водно Санс и најзаслужен за соработката со српскиот и европски кошаркарски гигант.

0Shares
0 0