(ФОТО) Украинските кошаркари ги покажаа сите ужаси на војната

0Shares
0 0

Репрезентацијата на Украина денеска во Рига играше квалификациски натпревар за Светското првенство против Италија, а дуелот се совпадна со одбележувањето на 31-годишнината од осамостојувањето на државата која шест месеци е под руска агресија.

Кошаркарите го искористија моментот, па пред натпреварот испратија порака до светот и ги покажаа сите ужаси што ги носи војната. Пред фотографите позираа со неколку банери на кои објаснија што се случува од 24 февруари до денеска.

Потсетија на 111 оштетени објекти, 182 дена војна, 372 убиени деца, 125 илјади квадратни метри окупирана територија, повеќе од 21 илјада убиени жители на Мариупол, 110 убиени спортисти и тренери, над 10 милиони исселени лица, повеќе од 22 илјади оштетени цивилни објекти и 98% Украинци коиј веруваат во победа над Русија.

0Shares
0 0