По Матијас Лесор, втор досегашен кошаркар на Партизан ќе го облече дресот на Панатинаикос во новата натпреварувачка кампања.
Станува збор за грчкиот репрезентативец Јанис Папапетру кој, всушност, е повратник во тимот од Атина откако лани одлучи да ја смени средината и да се пресели во Белград. Неговиот трансфер уште не е официјализиран од ПАО, но денеска го потврди газдата на клубот Димитриос Јанакопулос кој на Инстаграм објави фотографија со сите досегашни засилувања на Панатинаикос во текот на летото.

„Осуммина се тука, остануваат уште четворица“, напиша Јанакопулос под фотографијата по што остана нејасно дали Панатинаикос ќе направи целосен ремонт и ќе ги смени сите 12 кошаркари или останатите четворица ќе биде од актуелниот играчки состав.
Досега, покрај Папапетру и Лесор, Панатинаикос ги донесе и: Костас Слукас, Лука Вилдоса, Костас Адетокунбо, Динос Митоглу, Џеријан Грант и Димитрис Мораитис. Сменет е и тренерот, па претстојната сезона на клупата ќе биде грчкиот стручњак Ергин Атаман.