(ФОТО) Вајли е поголем Македонец од некои родени Македонци

0Shares
0 0

Натурализираниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли уште еднаш покажа дека оваа држава ја сака и почитува како своја иако не му е татковина.

Лани тој доби македонско државјанство и можност да игра за нашиот национален тим, но се покажа дека тоа не е само за пари и евентуално побогат трансфер, туку дека со емоции играл за нас. Беше можеби најдобар играч во квалификациите за Европското првенство во 2022 година, а со новиот потег уште еднаш потврди колку ја сака Македонија. Во својата сала за вежбање, тој го постави македонското знаме, како инспирација за она што следува идниот месец.

„Македонското знаме е мотив повеќе за мене да се подготвам максимално за она што следува во август. Се гледаме за кратко во Скопје“, порачa Вајли за интернет страницата на КФСМ.

Македонската репрезентација веќе ги почна подготовките за претстојните претквалификации, но Вајли се очекува да пристигне пред крајот на јули.

0Shares
0 0