(ФОТО) Весело е на тренинзите на Водно Санс – полни сали, среќни дечиња…

0Shares
0 0

На почетокот на оваа недела, официјално стартуваа со работа дел од младинските екипи во школата на Партизан Водно Санс.

Интересот е огромен, групите во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ се полни, во секоја има по 20-25 дечиња од кои голем број првпат се дружат со кошарката. Атмосферата е прекрасна, младите кошаркари среќни, исто како и родителите кои присуствуваат на тренинзите.

Се очекува слично да биде и во останатите сали во кои Партизан Водно Санс сезонава ќе одржува тренинзи. Веќе се пријавени голем број дечиња за групите во Основното училиште „Кочо Рацин“, како и за „Кузман Јосифовски Питу“, „Киро Глигоров“ и СЦ „Борис Трајковски“, а уписите се уште се отворени и можат да се запишуваат дечиња кои сакаат да се занимаваат со кошарка.

0Shares
0 0