(ФОТО) Водно Санс ја полни старата база, се поголем интерес и во „Киро Глигоров“

0Shares
0 0

Најмладите категории во Партизан Водно Санс веќе почнаа со работа, а од ден на ден, се поголем е бројот на дечиња кои се приклучуваат во новите групи.

Во училиштето „Кочо Рацин“, каде пред 20 години е формиран Партизан Водно Санс, веќе работат 40-тина млади кошаркари во мини баскет групата, за деца од шест години. Со оглед на тоа што тие почнаа со тренинзи оваа недела, нивниот број да биде уште поголем од идната ќе биде уште поголем.

Од оваа сезона, Партизан Водно Санс има термини за тренинзи и во најмодерното основно училиште во Македонија, „Киро Глигоров“ во општината Центар. Во мини баскет групата има 15 дечиња, но уписите се уште се во тек, а интересот е голем.

0Shares
0 0