(ФОТО) „Војна“ на кланови на Твитер: Браќата Јокиќ против браќата Морис!

0Shares
0 0

Страхиња и Немања Јокиќ повторно влегоа во дуел со Маркиф и Маркус Морис на Твитер, слично како пред крајот на 2021 година кога Никола Јокиќ го патосира Маркиф за време на натпревар.

Маркиф вчера го обелодени трансферот во Бруклин Нетс, а браќата Јокиќ веднаш му „закачија“ во коментари. Маркиф и Маркус враќаа колку што можеа, а сето тоа изгледаше исклучително смешно.

„Плачи и во Бруклин“, „Не може да остане здрав и да го турне бебе. Тој е слабост“, „11 години во НБА, беше добар додека Никола не го турна малку“…, беа дел од коментарите што ги упатија браќата Јокиќ.

Маркиф Морис мораше да паузира неколку месеци по ударот што го доби од Јокиќ, па ќе биде интересно на дуелите меѓу Бруклин и Денвер претстојната сезона.

0Shares
0 0