Неколку минути по завршувањето на натпреварот во Кале, претседателот на Кошаркарскиот клуб Куманово, Виктор Божиновски на својот ФБ профил го нападна Работнички.
Причината за бесот кај Божиновски е терминот во кој се одигра денешниот меч во Скопје. Кумановци пред неколку дена играа во Израел, во рамките на БИБЛ лигата и поради редуцираните летови, се вратија во Македонија во неделата и практично без тренинг допатуваа на денешниот дуел.
Претставниците на Работнички не сакале да излезат во пресрет и не прифатиле натпреварот да се игра утре што предизвикало лутина кај Куманово. Како резултат на тоа, ни службените лица на екипата не се поздравија со своите колеги по завршувањето на мечот.