(ГАЛЕРИЈА) Црвено-црна кошаркарска инвазија

0Shares
0 0

Откако завршија летните одмори и почна новата учебна година, комплетирани се групите во кошаркарската школа на Вардар и веќе се тренира со полна пареа.

Салата во во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која е и главно „собиралиште“ на младите вардарци, врие од дечиња кои ги прават првите чекори во кошарката. Оние, малку повозрасните, веќе ја поминаа првата фаза од подготовките за новата сезона, некои веќе учествуваа на меѓународни турнири, а сите заедно со нетрпение ја очекуваат новата натпреварувачка сезона во која Вардар повторно ќе атакува на сите титули.

Вистинско задоволство е да се гледа желбата за тренинг на младите кошаркари, но и пристапот на тренерскиот тим на Вардар кој дава се од себе да им ја всади љубовта кон кошарката.

0Shares
0 0