Гасол бесен на Барса, пропаѓа ли неговото враќање?

0Shares
0 0

Живата шпанска легенда има голема желба да се врати во Барселона, но не сака да биде дел од нечија кампања пред претседателските избори што ќе се одржат идниот месец.

Пред два дена одекна веста за враќањето на Пау Гасол во Блауграна, но 40-годишниот центар веднаш излезе со соопштение дека ништо не е договорено. Веста ја објави еден од кандидатите за претседател на Барселона, Тони Фреиша кој важи за човек на Сандро Росељ и Жосеп Марија Бартомеу.

Гасол е лут на Фреиша затоа што го искористил моментот за самопромоција, но е уште полут на оној кој му ја дал информацијата, а тоа е човек од администрацијата на клубот или можеби сегашниот ВД претседател.

Последниот рок за регистрирање кошаркари во Евролигата е 24 февруари и дотогаш треба да падне договор меѓу Барселона и Гасол. Со сегашниот развој на ситуацијата, постои сериозна можност преговорите да пропаднат.

0Shares
0 0