Ѓикиќ е минато за Будуќност

0Shares
0 0

Малку подоцна од најавеното, раководството на Будуќност, сепак, ја прекина соработката со поранешниот селектор на македонската репрезентација Александар Ѓикиќ.

Ваквата одлука беше донесена на денешната вонредна седница на Управниот одбор на клубот, имајќи предвид дека 15 јуни беше последниот рок за Будуќност, без „пенали“ да се раздели со 51-годишниот тренер. Лани, Ѓикиќ потпиша на 1+1 сезона, но по завршувањето на првата, одлучено е да не се продолжи соработката,

Будуќност се наоѓа на крстопат бидејќи покрај тренерот, слободни се речиси сите кошаркари, со исклучок на Игор Дробњак и Един Атиќ. Кендрик Пери веќе потпиша за Уникаха, Џастин Кобс се прости, а неизвесната е судбината на Николиќ, Поповиќ, Шеховиќ, Јагодиќ-Куриџа итн.

За тренерската позиција конкурираат повеќе имиња. Минатата недела фигурираа само Драган Бајиќ и Звездан Митровиќ, а сега во комбинација се и Петар Мијовиќ, Ненад Чанак, како и Владмир Јовановиќ кој денеска се прости од Мега.

0Shares
0 0