Го најдоа исчезнатиот играч на Морнар…

0Shares
0 0

По победата против Сплит во рамките на АБА лигата, тренерот на Морнар, Михаило Павичевиќ објави дека клубот од Бар е во потрага по Кори Дејвис кој три дена не се појавил на тренинзи и не се јавува на телефонските повици.

Потрагата по Американецот, сепак, е прекината бидејќи самиот тој преку Инстаграм објави каде се наоѓа. Во текот на ноќта ставил фотографија од својот дом во Хјустон што значи дека нема намера повеќе да го облече дресот на Морнар.

Нејасно е која е причината за неговото бегство со оглед на тоа што беше еден од најважните играчи на црногорскиот клуб, а според информациите на тамошните медиуми, бил и редовно исплаќан.

0Shares
0 0