Големи промени во Партизан: Обрадовиќ отпишал тројца кошаркари, има и нов капитен

0Shares
0 0

Партизан вечерва стигна до нова победа во Еврокупот, совладувајќи го литванскиот Лиеткабелис со 84-77, но победата остана во сенка на она што се случуваше пред и по натпреварот.

При претставувањето на играчите, како капитен на екипата беше претставен Немања Дангубиќ што ги изненади сите присутни бидејќи во досегашниот дел од сезоната таа улога ја имаше Раде Загорац. Да биде изненадувањето поголемо, Загорац не доби ни една секунда на теренот иако не е повреден и нема никакви проблеми.

Шанса за настап не добија ни Душан Милетиќ и Урош Трифуновиќ кои, исто така, беа во составот. Тренерот Жељко Обрадовиќ по натпреварот објасни за што станува збор.

„Немања Дангубиќ во овој момент е капитен на Партизан. Јас одлучив така да биде, тоа е исклучиво моја одлука. Ова е се нормално, јас носам одлуки исклучиво во интерес на тимот, но тоа апсолутно не значи дека тие нема да добијат шанса на следните натпревари“, изјави Обрадовиќ.

Српските медиуми, сепак, шпекулираат дека тројцата спомнати кошаркари се веќе отпишани и дека Партизан веќе бара начин како да ги прекине договорите со нив. Вечерва не играше ни Родионс Курукс иако беше во протоколот, но за неговата иднина нема детални информации.

0Shares
0 0