Големиот интерес го продолжи рокот за пријавување за селективниот камп на Партизан Водно Санс

0Shares
0 0

Една недела по почетокот на уписите, Партизан Водно Санс одлучи да го продолжи рокот за пријавување за селективниот камп за момчиња и девојчиња.

Причина за тоа е зголемениот интерес кај најмладите љубители на кошарката кои би сакале своите први чекори да ги направат во овој скопски клуб. Затоа, место до 14., уписите се продолжени до 19. август, а селективните тренинзи ќе траат од 20 до 27 август. Целиот процес е бесплатен, односно го покрива Партизан Водно Санс со своите партнери и спонзори. Тренинзите ќе се одржуваат на терените на К&M Спорт во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

Селективниот камп е за момчиња родени од 2011 до 2014 година, а првпат летово Партизан Водно Санс формира женска екипа на која ќе биде ставен фокусот. Клубот ќе прима девојчиња родени од 2007 до 2011 година на кои претстојната сезона тренинзите и подготовките ќе им бидат бесплатни.

Уписите за селективниот камп се вршат на телефонските броеви 077/982-784 и 078/650-299.

0Shares
0 0