Ѓорѓевиќ повеќе не е тренер на Фенер, следна станица – Реал?

0Shares
0 0

Само неколку дена откако ја освои шампионската титула во турското првенство, Александар Ѓорѓевиќ доби отказ од тренерската функција во Фенербахче.

Со тоа му се повтори ситуацијата од лани кога исто така со Виртус триумфираше во шампионатот на Италија, а веднаш потоа беше принуден да си замине.

„Му се заблагодаруваме на Александар Ѓорѓевиќ и му посакуваме успех во натамошниот дел од кариерата. Тој имаше важна улога во освојувањето на титулата оваа сезона“, објави Фенербахче.

Бројни медиуми денеска информираа дека следна станица во кариерата на српскиот стручњак ќе биде Реал Мадрид. Пабло Ласо неодамна доби срцев удар по што докторите му препорачаа извесен период да се тргне од кошарката. Тој не ги послуша веднаш бидејќи се појави на тренинг на екипата да ја подготви за финалето против Барселона, но со завршувањето на сезоната, најверојатно ќе земе подолг одмор.

0Shares
0 0