Ѓорѓевиќ пред нов селекторски ангажман – на Далечниот исток

0Shares
0 0

Трофејниот српски стручњак Александар Ѓорѓевиќ многу веројатно повторно ќе биде селектор, но не на својата матична репрезентација, туку на селекцијата на Кина.

Медиумите кај нашиот северен сосед тврдат дека веќе се е договорено, само треба официјално да биде ставен потпис на договорот и Ѓорѓевиќ да почне да работи. Ако ова се оствари, тоа ќе биде негов втор селектор ангажман во кариерата откако од 2013 до 2019 година ја водеше Србија и со неа освои сребрени медали на Светското првенство во Шпанија, Олимписките игри во Рио де Жанеиро и Европското првенство во 2017 година.

Во текот на вчерашниот ден, Ѓорѓевиќ беше спомнуван како можен наследник на Чус Матео на клупата на Реал што не е невозможно, дури и ако стане селектор на Кина.

0Shares
0 0