Гостивар ќе ја развива младинската школа, формира и втор тим

0Shares
0 0

Кошаркарскиот клуб Гостивар во новата сезона ќе влезе со нова мисија во која во главна улога ќе биде школата, односно младите кошаркари.

И досега оттаму се црпеа ресурси, но во иднина тоа ќе биде далеку позначајно. Лани клубот почна процес на враќање на гостиварските кошаркари во екипата, а сега ќе се обиде да им ја всади љубовта кон овој спорт на младите од градот.

„Од оваа сезона, КК Гостивар сериозно влегува во проектот со младинската школа. Досега имавме 70 деца, а целта е до септември овој број да стигне барем 100.

Ќе имаме повеќе категории: мини-баскет екипа (од 7 до 12 години), М14, М16 и М18 екипи кои ќе се натпреваруваат во своите соодветни категории на државно ниво. За 2023 година, планот е да имаме околу 200 кошаркари во школата. Гостивар секогаш имал и ќе има деца што сакаат да играат кошарка.

Покрај сето ова, во процедура е создавање втора екипа, Гостивар 2 која ќе се натпреварува во Третата лига на Македонија. Засега интересот е голем и очекуваме така да продолжи“, велат од КК Гостивар за КОШ.МК.

Гостивар има голема традиција во кошарката и е еден од ретките градови во Македонија со шампион во Првата лига во машка конкуренција, покрај Кавадарци и Струмица. Оттаму потекнуваат голем број легенди на македонската кошарка, како и сегашни членови на сениорската репрезентација.

0Shares
0 0