Од година во година, младинската школа на Кошаркарскиот клуб Гостивар е се побројна и со се поголем потенцијал во натпреварувањата во кои учествуваат екипите.
Новата сезона е на прагот, а во неа се очекува зголемување на бројката на млади кошаркари на најмалку 180. По успешната 2022/23 во која гостиварци учествуваа во четири категории, претстојната натпреварувачка кампања е планирано да се оди чекор понапред, односно да се пријаваат шест екипи. Направен е голем организациски напредок во насока на професионализација на младинските категории и постојано ќе се работи на тоа поле. Со ова Гостивар стана најголем кошаркарски младински центар во западна Македонија.

Уписите за новата сезона се во тек, а подготовките ќе стартуваат на 3 август. Подмладен е и тренерскиот кадар кој треба да напредува на индивидуален и тимски план преку семинарите кои ги организира клубот и учеството во првенството. Екипите ќе ги водат: Петар Ангелов (Трета лига), Игор Ангелковски (М18), Горан Лазаревски (М16), Предраг Димовски (М14), Кирко Рафаиловски (М12) и Денис Селими (М18).

За натамошни информации околу уписите и начинот на работа, сите заинтересирани можат да се обратат кај тренерите и координаторот на младинските категории и директор на проектот Звонко Михајловски.
ПР ТЕКСТ