Екипата на Гостивар ја оствари четвртата победа сезонава, втора на гостувањата, триумфирајќи на дуелот со Вардар во Кале со 90-75.
Со тоа ја потврди фаворитската улога што ја имаше пред овој натпревар и го задржа чекорот со екипите од горниот дел на табелата. Целата работа на гостиварци беше завршена во првото полувреме кое го добија со 45-27, па во продолжение само го задржаа водството и дојдоа до победата.
Вардар се одржуваше во игра во првите седум минути, Гостивар потоа направи серија од 8-0 за водство од 25-14, а во вториот веќе отиде на +18 (45-27) со кој заврши првото полувреме. До крајот на натпреварот Вардар само еднаш се спушти на едноцифрена негатива.
Максим Митевски го предводеше гостинскиот тим со 17 поени и 7 скока, а Инграм оствари дабл дабл со 15 поени, 10 скока и 6 асистенции. Митков беше најефикасен кај Вардар со 17 поени, додека Наков заврши со дабл дабл со 15 поени и 10 скока.