Покрај семинарот за тренери во младински категории, школата на Кошаркарскиот клуб Гостивар организира уште еден голем настан во градот.
Станува збор за отворен ден за сите љубители на кошарката што ќе се одржи на 29 август од 16 часот во спортската сала „Младост“. Поканети се сите вљубеници во овој спорт, на возраст од 6 до 18 години при што ќе се вршат и уписи на нови членови во младинските категории.
Сите нови членови ќе добијат и гратис опрема, а се очекува салата да биде преполнета со млади деца, идно кошаркари.
ПР ТЕКСТ