Една недела откако го назначи Никола Димитриевски за нов тренер, Гостивар го обезбеди потписот на првиот играч кој ќе ги брани боите на тимот во новата сезона.
„Нога повлече“ капитенот Војче Лефкоски, гостиварец и еден од омилените играчи на домашната публика. Тој го носеше дресот на тимот и минатата сезона, а денеска официјално го продолжи договорот на уште една година.
Раководството на клубот веќе е во преговори и со дел од другите играчи кои го носеа дресот на Гостивар претходната натпреварувачка кампања и во следниот период ќе се знае костурот на екипата.