Гостивар подобар од Работнички во Скопје

0Shares
0 0

Екипата на Гостивар ја оствари втората победа на подготовките откако денеска беше подобра од Работнички на дуелот одигран во Кале.

Гостиварци славеа со 81-65 и влегоа во победничка низа откако во саботата беа поуспешни и од Феникс во истата сала. Тимот на Љупчо Малинков полека ја достигнува посакуваната форма, а се очекува уште да расте до почетокот на новата сезона.

Работнички се комплетираше минатата недела, во своите редови има неколку искусни кошаркари и репрезентативци, но и млади кошаркари кои летово беа регрутирани од младинската школа.

0Shares
0 0