И во новата сезона, гостиварски прволигаш ќе продолжи со форсирање млади кошаркари од својата школа кои во блиска иднина треба да бидат основа на првиот тим.
Како резултат на тоа, Кошаркарскиот клуб Гостивар потпиша договори со 16-годишниот Никита Исајлоски и 17-годишниот Огнен Анастијевски кои се обврзаа на тригодишна верност кон клубот и во иднина ќе тренираат со своите повозрасни колеги. Исајлоски беше актуелен минатата сезона во која неколку пати против ривалите во кадетската лига постигнуваше по 40, 50, па и 60 поени, а подоцна беше и на селективните тренинзи за М16 репрезентацијата на Македонија.

„Промоцијата на првиот тим е голем успех и награда за вложениот труд досега. Благодарни сме што добиваме шанса да напредуваме во кошарката и да станеме подобри луѓе и кошаркари, а во исто време се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата од стручниот штаб“, едногласни се Исајлоски и Анастасијевски.

Пред двајцата е исклучително важна сезона во која ќе настапуваат и тренираат во три екипи: матичните генерации (М16 односно М18 екипите), тимот во Третата лига и сениорскиот состав. Сето тоа треба да придонесе во нивниот развој, а е во контекст на политиката на клубот: што повеќе гостиварци во КК Гостивар.
ПР ТЕКСТ