Грегориј Јакимовски по стапките на брат му Андреј

0Shares
0 0

Еден од најталентираните млади кошаркари во Македонија, Грегориј Јакимовски од оваа година ќе биде дел од италијанската Некст Степ Академија од Италија.

Со тоа, тој тргнува по патот на неговиот повозрасен брат Андреј кој на слична возраст (15-16 години) замина од Македонија и се пресели во италијанскиот ПМС Баскетбол по што играше и во Втората лига на Италија, пред лани да замине во НЦАА. Андреј сега е сениорски репрезентативец на Македонија и играч од кого се очекува во иднина да биде еден од носителите на нашиот национален тим.

Грегориј Јакимовски во Италија заминува од Феникс, исто како неговиот брат, а наскоро ќе наполни 16 години. Веќе имаше еден блескав настап, во завршницата од М16 првенството на Македонија во чие финале Феникс загуби од Работнички, но Грегориј постигна 27 поени.

Некст Степ Академијата е од местото Рапало, во близина на Џенова. Во своите екипи има кошаркари од цела Европа, а голем дел од нив се од просторите на поранешна Југославија.

0Shares
0 0