Грент Хил, прв човек на американската репрезентација

0Shares
0 0

Еден од најталентираните кошаркари во историјата на НБА лигата, по Олимписките игри во Токио ќе има нова функција.

Грент Хил ќе го наследи Џери Коланџело на позицијата прв човек на американската кошаркарска репрезентација. Главна задача од почетокот ќе му биде да ангажира нов селектор бидејќи Грег Попович најави повлекување на Олимпијадата.

Хил играше во НБА лигата 19 години и тоа за екипите на Детроит, Феникс, Орландо и Лос Анџелес Клиперс. Беше прогласен за дебитант на сезоната, седум пати настапи на Ол стар натпреварите, а за време на студирањето два пати ја освои шампионската титула во НЦАА. Повредите го спречија да направи спектакуларна НБА кариера и да освои титула во најсилната светска кошаркарска лига.

0Shares
0 0