Грците пресилни за македонските кадети

0Shares
0 0

Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство што се одржува во Скопје.

Во второто коло, нашите млади кошаркари загубија од Грција со 48-78 и утре против Шпанија ќе се борат за второто место во својата група. Грците се едни од главните фаворити за титулата на овој шампионат, па и овој пораз не е толку страшен.

Својот квалитет, ривалот го демонстрираше уште од почетокот, по 4-4, направи серија од 17-2 и во финишот од првата четвртина поведе со 21-6. Пред крајот на полувремето Грците веќе имаа +20 (34-14), па се останато беше само формалност.

Ниеден македонски кошаркар денеска не постигна двоцифрен број поени. Најефикасен беше Јаничиќ со 9. Клучните причини за поразот на нашата репрезентација беа бројот на загубени топки (30), како и слабиот шут од игра од само 28,3%.

0Shares
0 0