Хаџифејзовиќ и Мустафица како вистински домаќини – ги однесоа „пелистерци“ на ќебапи

0Shares
0 0

Македонскиот вицешампион денеска немаше натпревар во АБА 2 лигата, па слободното време, кошаркарите на Пелистер го искористија за да прошетаат низ Сараево.

Организатори на прошетката беа босанските играчи во тимот Сеад Хаџифејзовиќ и Недим Мустафица кои ги однесоа своите соиграчи на ќебапи во Башчаршија. Иако ниеден од нив не е сараевчанец (Мустафица е роден во Травник, а Хаџифејзовиќ во српскиот град Пријепоље, но има босанско државјанство), многу добро го познаваат градот.

Мустафица една сезона помина во Вогошча која е предградие на Сараево, а Хаџифејзовиќ, освен во Вогочша, во два наврата беше член на поранешниот европски шампион Босна.

фото: bhbasket.ba

0Shares
0 0