Денешниот пораз на Партизан од Студентски Центар на стартот од плејоф серијата во АБА лигата е сензација на сезоната, но ако се има предвид она што се случува во екипата од Белград последната недела, можеби не изгледа толку чудно.
На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот Жељко Обрадовиќ откри чудни работи во тимот поради кои Партизан не беше комплетен на денешниот меч. Во главна улога е младиот Тристан Вукчевиќ кој не беше во комбинација за настап, но не поради повреда или тренерска одлука.
„Тристан Вукчевиќ е во Америка, а каде точно, немам поим. Доби дозвола од клубот да оди и тоа е единственото што го знам“, рече Обрадовиќ.
Познато е дека Вукчевиќ се пријави за годинашниот драфт во НБА лигата и не е исклучено да се наоѓа на проба во некоја од екипите кои би биле заинтересирани за него. Сепак, зошто заминал кога сезоната за Партизан уште трае, веројатно ќе се знае следните денови.
Покрај Вукчевиќ, не играше ни Ален Смаилагиќ, но тој се пожалил на болки во коленото.