Кошаркарите на Навико Академија ФМП забележаа убедлив пораз на гостувањето во Израел. Вечерва, во салата во Кфар Блум, загубија со 65-107, па по два меча имаат биланс 0-2.
Нашиот претставник во БИБЛ лигата остана без вистинска шанса да се натпреварува против далеку поквалитетниот ривал. Екипата од Кисела Вода уште во првото полувреме беше во длабоко заостанување, имаше негатива од 31 поен (26-57).
Навико Академија ФМП останува во Израел бидејќи за два дена му гостува на Макаби Хаифа пред враќањето во Скопје и дуелот со Гостивар во домашното првенство.