Хет-трик на Давитков

0Shares
0 0

Тимот на поранешниот македонски селектор Таргу Жиу ја оствари третата победа во низа, совладувајќи го Рапид Букурешт како гостин со 78-77.

Победата можеше да биде изразена и со многу повисока разлика бидејќи во третата четвртина екипата на Јорданчо Давитков имаше и 15 поени предност (56-41), а на средината од последниот квартал водеше со 71-59. Рапид направи серија од 12-0 и го израмни резултатот, но во неизвесниот финиш, Таргу Жиу беше подобар и дојде до победата.

Клучниот момент се случи на 1,6 секунди пред крајот кога Мозли го фаулираше Морган при шут за тројка, на резултат 77-76 за домаќините. Гостинскиот кошаркар погоди две од трите слободни фрлања за голем триумф на екипата на Таргу Жиу.

И во следното коло, тимот на Давитков може да ја продолжи победничката серија бидејќи го пречекува најслабиот во лигата Миеркуреа Кјук кој во досегашниот дел од сезоната има биланс 0/7.

0Shares
0 0