Хет-трик на европскиот шампион

0Shares
0 0

Бранителот на титулата во Евролигата, Анадолу Ефес полека ја наоѓа својата форма и се качува на табелата во елитното кошаркарско натпреварување.

Турскиот клуб вечерва, во драматична завршница го победи Виртус во Болоња со 85-80 и ја оствари третата победа во низа што е одличен ефект ако се има предвид дека по првите седум кола имаше биланс 2/5. Сега е со 5/5 и веќе во зоната која води во разигрувањето за титулата.

Анадолу Ефес водеше во текот на целиот натпревар, имаше и двоцифрена предност, но Виртус во последната секунда се доближи на само два поена негатива (78-80). Сепак, во пенал-завршницата, гостите беа присебни, промашија само едно од вкупно пет слободни фрлања и ставија печат на новата победа.

Вил Клајбурн беше најефикасен со 21 поен во тимот на Анадолу Ефес, а прв стрелец на мечот беше Ифе Лундберг со 22 поена.

РЕЗУЛТАТИ – ЕВРОЛИГА, 10. КОЛО
Монако – Баерн 80-79
Панатинаикос – Асвел 77-58
Барселона – Басконија 96-84
Виртус – Анадолу Ефес 80-85
Валенсија – Жалгирис 76-80
ВЧЕРА
Црвена Звезда – Макаби 69-68
Олимпијакос – Алба 86-76
Милано – Фенербахче 72-82
Реал – Партизан 105-97

0Shares
0 0